Dr. Ζαρογουλίδης Παύλος
© Dr. Zarogoulidis Paulos, Copyright 2013. All rights reserved

EB.US. MKD.

Ендобронхијалната ултрасонографија (ЕБУС) е последен збор на технологијата што се употребува за земање биопсија од лимфната жлезда во медиастинумот (средоградие). Лимфаденопатијата на медиастинумот е состојба која треба да се испита. Може да се должи на воспаление, или пак да биде бенигно заболување, како на пример саркоидоза, или пак бенигно заболување како што е лемфомата или ракот на белите дробови. Исто така, може да биде метастаза од други органи, како на пример од гастроентеролошките ограни, градите, мочниот меур и други. Откако ќе се земе примерок од лимфната жлезда или од жлездите со помош на методот имунохистохемија, но и со други лабораториски  методи, ќе се најде крајниот одговор. Сѐ до денес, главниот метод за земање биопсија од лимфните жлезди беше хируршкиот зафат  медиастиноскопија. Ендобронхијалната ултрасонографија (ЕБУС) исто така се употребува и за степенување на пациенти со немикроцелуларен карцином  на белите дробови, кои веројатно можат да извршат терапевтски хируршки зафат, и го дополнува испитувањето со позитронска  емисиона или компјутерска томографија (PET или CT scan), или во многу случаи ги заменува. Денес, биопсијата од лимфните жлезди во медиастинумот се зема во рок од пола час, по што пациентот може да се врати во својот дом. За безбедност на пациентот, но и за да биде полесна, постапката се врши со наркоза. Дијагностицирањето на бенигноста во медиастинумот може да се изведе на различни начини, но колку што е важен изборот на точниот метод, толку поважна е обработката на примерокот земен за биопсија. Не е доволно да постои задоволувачко количество примерок, туку и да се изврши негова точна лабораториска обработка. Денес, молекуларното испитување на примерокот е неопходно кај голем број неоплазми, за да се испита која ќе биде најпогодната терапија. Други техники за дијагностицирање на бенигност е бронхоскопијата и торакоскопијата. Торакоскопијата се врши главно кога постои плеврална ефузија. Многу често, после дијагностичката торакоскопија се врши плевродеза, за да не се создаде повторно бенигна плеврална ефузија.  Кога бронхоскопијата не ни дава дијагноза на тумор во тораксот, тогаш лекарот е задолжен да му препорача на пациентот друг дијагностички метод. Кога бронхоскопијата не ни дава дијагноза на тумор во тораксот, тогаш на пациентите им препорачуваме да извршат ендобронхијална ултрасонографија (ЕБУС) или биопсија со помош на компјутеризирана томографија. Исто така, бронхоскопијата не дава индикации за биопсија кога се работи за бронхијално оштетување или оштетување во близина на големи крвни садови, како што се белодробните артерии. Во тој случај, индикации покажува само ендобронхијалната ултрасонографија (ЕБУС). Во секој случај, само специјалист интервенциски пневмонолог може да го советува пациентот која е правилната техника.  Со почит, Павлос Зарогулидис  Специјалист интервенциски пневмонолог Со специјализација во Англија и Германија Телефон за контакт: 00306977271974 Болница „Агиос Лукас“, Панорама, Солун, Грција Е-пошта: pzarog@hotmail.com
Слика 1. Обоените точки ги претставуваат лимфните жлезди од кои можеме да земеме биопсија за дијагноза и степенување на карциномот на белите дробови.
Слика 2. Од лево кон десно: 1) лимфна жлезда со тумор што се наоѓа во близина на гранката на белодробната артерија (компјутерска томографија на торакс), 2) слика од бронхијалното дрво во точката каде се претпоставува дека се наоѓа оштетувањето врз основа на компјутерската томографија; сликата што ја гледаме е снимена со камера при ендобронхијална ултрасонографија (но, оштетувањето се наоѓа зад ѕидот на бронхијата и се гледа со сонографијата на следната слика), 3) слика на оштетувањето во снимка направена со компјутерската томографија, која се гледа во сонографијата на апаратот (ЕБУС) – се гледа и крвниот сад обоен со сина и црвена боја, па така ракувачот може со безбедност да земе биопсија,  4) ендобронхијална ултрасонографија  од два апарати, истовремено ни дава две слики со една гледна точка (лево) и една со ултразвук (десно), 5) бронхијалното оштетување е едно од главните индикации за ендобронхијална ултрасонографија.

Dr.Ζαρογουλίδης Παύλος

© Dr. Zarogoulidis Paulos, Copyright 2013. All rights reserved